Како да научам јога?!
Има само еден начин да научиш да практикуваш јога, а тоа е традиционалниот, кој мене ме научи дека “повторувањето е мајка на знаењето”. Низ моето искуство научив дека нема поинаков начин за достигнување на целта освен секојдневна пракса, доверба во себе и во процесот и најважно водич кој правилно ќе ви ја пренесе оваа дисциплина која навидум е тешка и комплицирана, а всушност е се она што му е потребно на телото и умот за вие да бидете здрави и витални во совршена психофизичка форма.
Кога да почнам?
Јога се вежба секој ден. Потребно е време додека добиете свесност за себе, за вашето тело, за секоја положба, секое движење, за секој здив, секое вдишување и секое издишување. Свесност се гради со фокус и концентрација, а само со континуитет се гради сила, баланс, флексибилност.
Од каде да почнам?
Прво научи да дишеш, смири го телото и фокусирај се на секое вдишување и издишување. Практикувај “ujjayi” техника за дишење.
Потоа научи правилно да ги изведуваш асаните, без разлика колку и да изгледа невозможно, со тек на време, со редовна и правилна пракса секој ќе стигне до правилна позиција.
Откако ќе научиш да дишеш и кога ќе ги совладаш асаните останува уште да го синхронизираш дишењето со движењето.
Остани константен во својата пракса, вежбај и кога не ти се вежба, дисциплината е најважна.
Заврши го твојот дел од задачата и искуси ги бенифитете кои следуваат:
- Зголемена флексибилност
- Зголемена мускулна сила и тонус
- Подобрено дишење, енергија и виталност
- Одржување на балансиран метаболизам
- Намалување на телесната тежина
- Кардио и циркулаторно здравје
- Емоционална благосостојба
Секој сам го оди својот пат, но сите стигаме до целта.
П.С. Пред да научиш да зборуваш со другите, научи да зборуваш со себе.
Пред да научиш да јадеш, научи да дишеш.
Пред да научиш да одиш, научи да стоиш.
Конектирај ги телото и умот со здивот и запознај го цел универзум, ти си цел универзум.
Отвори го умот за да го видиш светот.
Намасте!
Јога се вежба секој ден, потребно е време додека добиете свесност за секоја положба, свесност која се гради со фокус и концентрација, а само со континуитет се гради сила, баланс, флексибилност, како физички така и ментално.
Пред да научиш да зборуваш со другите, научи да зборуваш со себе.

Има само еден начин да научиш да практикуваш јога, а тоа е традиционалниот, кој мене ме научи дека “повторувањето е мајка на знаењето”.
Низ моето искуство научив дека нема поинаков начин за достигнување на целта освен секојдневна пракса, доверба во себе и во процесот и најважно водич кој правилно ќе ви ја пренесе оваа дисциплина која навидум е тешка и комплицирана, а всушност е се она што му е потребно на телото и умот за вие да бидете здрави и витални во совршена психофизичка форма.