Зошто Јога?

Телото и карактерот на човекот се тесно поврзани, тоа е првата работа која ја воочив кога почнав да практикувам јога.

Пр. Мојот карактер не е флексибилен, исто како и моето тело. Јас сум силна , но не и флексибилна.
 Како ја продлабочував мојата пракса телото почна да се ослободува, а мислата да се менува, тоа беа доволени индикатори за да започне моето јога патување.

Се викам Симона Ефтимовска, имам 36 години и сум дипломиран новинар, магистриран комуниколог и меѓународно сертифициран
јога инструктор. 

Почнав да практикувам јога не затоа што ми фалеше физичка активност (вежбам од кога паметам за себе) напротив незнаев што со себе, па решив да застанам на глава (тотално погрешен пристап, но супер мотив). 
Имав 31 година, 11 години професионално работно искуство, постојано чувство на трка со себе и потреба од нов предизвик. Бев уморна од моето секојдневие, а како велат “Кога ќе се чувствуваш изморено не ти треба одмор, ти требаат работи за кои ќе се чувствуваш возбудено” па така и јас.

Кога почнав да посетувам часови сфатив колку сум далеку од стоење на глава, а единствен начин да научам беше да го тргнам егото “ јас знам се” и да почнам од почеток прифаќајки го фактот дека незнам ништо. Искрено ми требаше многу време и неколку обуки за да ја сфатам суштината и владеам дисциплината, не затоа што правев нешто погрешно, погрешен беше пристапот на кој ми беше претставена.

Целиот тој процес ми одзеде премногу време, а јас сум практичен човек кој се води според “кратко и јасно,”. Тогаш си ветив дека моментот кога ќе се чувствувам доволно искусна, ќе најдам наједноставен начин да ја претставам и споделам оваа дисциплина со што е можно повеќе луѓе, бидејки верувам дека јогата е многу повеќе од физичка пракса и делува на подобрување на здравствената состојба и менталните способности.

Јогата е дисциплина каде прогрес се случува само со секојдневна и правилна пракса, односно, повторување на одредени физички вежби со одредени текники за дишење. Одтука и името на мојата прва онлајн програма “Повторувањето е мајка на знаењето”.

“Повторувањето е мајка на знаењето”,  не е час, туку обука од 30 асани и 3 винјаси кои ќе ви бидат цврста основа за вие да ја развиете вашата пракса. Колку повеќе асани владеете толку полесно ќе можете да ги комбинирате според вашите потреби, затоа што јогата е индивидуална пракса која зависи од вашата дисциплина, фокус, концентрација и континуитет.

Оваа програма е наменета за секој кој сака да научи да практикува јога, без разлика на моменталната физичка спретност, затоа што повторувањето е мајка на знаењето, а јогата е начин на живот.

П.С. Мојата пракса сеуште секојдневно се развива, но денес после 5 години од првиот час се чувствувам доволно удобно да го пренесам тоа што го знам, а притоа да верувам 100 % во тоа што го зборувам.
Верувајте во себе и сами откријте ја моќта на телото и умот затоа што јогата е здравје.

#вљубисевосебе
#јогазасекого
#јогазасекојден
#јогазасекаде
#јогазасекогаш

Телото и карактерот на човекот се тесно поврзани, тоа е првата работа која ја воочив кога почнав да практикувам јога.

Пр. Мојот карактер не е флексибилен, исто како и моето тело. Јас сум силна , но не и флексибилна.

Како ја продлабочував мојата пракса телото почна да се ослободува, а мислата да се менува, тоа беа доволени индикатори за да започне моето јога патување.

Се викам Симона Ефтимовска, имам 36 години и сум дипломиран новинар, магистриран комуниколог и меѓународно сертифициран
јога инструктор. 

Почнав да практикувам јога не затоа што ми фалеше физичка активност (вежбам од кога паметам за себе) напротив незнаев што со себе, па решив да застанам на глава (тотално погрешен пристап, но супер мотив). 

Имав 31 година, 11 години професионално работно искуство, постојано чувство на трка со себе и потреба од нов предизвик. Бев уморна од моето секојдневие, а како велат “Кога ќе се чувствуваш изморено не ти треба одмор, ти требаат работи за кои ќе се чувствуваш возбудено” па така и јас.

Кога почнав да посетувам часови сфатив колку сум далеку од стоење на глава, а единствен начин да научам беше да го тргнам егото “ јас знам се” и да почнам од почеток прифаќајки го фактот дека незнам ништо. Искрено ми требаше многу време и неколку обуки за да ја сфатам суштината и владеам дисциплината, не затоа што правев нешто погрешно, погрешен беше пристапот на кој ми беше претставена.

Целиот тој процес ми одзеде премногу време, а јас сум практичен човек кој се води според “кратко и јасно,”.

Тогаш си ветив дека моментот кога ќе се чувствувам доволно искусна, ќе најдам наједноставен начин да ја претставам и споделам оваа дисциплина со што е можно повеќе луѓе, бидејки верувам дека јогата е многу повеќе од физичка пракса и делува на подобрување на здравствената состојба и менталните способности. 